ВМРО-ДПМНЕ КОНСОЛИДИРАШЕ 61 ПРАТЕНИК И покрај тоа, преговорите со „Вреди“ продолжуваат, рече Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршува разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, вели идниот мандатар.

1,330

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.

– ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршува разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник – кажа Мицкоски.






Тој рече не може да зборуваво однос на деталите, но многу скоро од денеска вети дека јавноста ќе ги дознае деталите.

– Состојбата е чувствителна, но како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција, очекуваме и одлука на Управниот суд за да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6. Можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“ – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини