ВМРО-ДПМНЕ: Како директорот на Центарот за лаги во СДСМ, Александар Поповски си ја вработи сопругата Сандра во Влада?

2,860

Наместо copy – paste лаги, СДСМ и денес не дава одговори за партиските војници кои Заев ги плаќа со државни пари. Во однос на обвинувањата од СДСМ ќе истакнеме две работи: Жално е што партија на власт не разликува државен советник од платен советник, реагираѓе ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до вистината: Како тоа, според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот.






Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада.

И сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец“, прашува партијата, истакнувајќи дека очекуваме одговор на овие „едноставни прашања“.

Поврзани содржини