ВМРО-ДПМНЕ: Каде е градоначалникот на Ѓорче Петров, граѓаните го бараат по кафеани? ВИДЕО
Градоначалникот Наумоски две години нема дојдено на седница, а четири години нема одговорено на нити едно прашање од интерес на граѓаните. Треба ли да го бараме по кафеани да му поставиме прашање!? Каде е неговото работно место, во општината, во Советот на општината или во кафеаните!?, праша Андоновска.
Наумоски е четири години градоначалник, на едно прашање нема одговорено, две години на Совет не е дојден, граѓаните не можат да закажат прием, реагира советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на општината Ѓорче Петров.
– Градоначалникот Наумоски две години нема дојдено на седница, а четири години нема одговорено на нити едно прашање од интерес на граѓаните. Треба ли да го бараме по кафеани да му поставиме прашање!? Каде е неговото работно место, во општината, во Советот на општината или во кафеаните!?
Граѓаните се жалат дека неможат да го најдат, нема приемен ден за граѓани. Од друга страна не можеме ниту ние советниците да му ги поставиме прашањата што ги засегаат граѓаните – рече Андоновска.
Таа додаде дека трае четири години ова, како што рече, расипничко однесување, четири години немање интерес за потребите на граѓаните од страна на Наумоски, но дека останува нешто повеќе од два месеци до крајот на арогантното владеење на СДС во Ѓорче.