ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Виенскиот институт ги скрши розовите очила на Заев низ кои ја гледа економијата што тоне
Според ВМРО-ДПМНЕ, извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал.
Виенскиот институт за економски студии ги скрши розевите очила на Зоран Заев и покажа дека македонската економија нема раст четири квартали, дефицитот е зголемен, а капитални инвестиции нема, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
-Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне.Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад.Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок. А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок“, стои во реакцијата.
Од партијата додаваат дека извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34% под планот.
Според ВМРО-ДПМНЕ, извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал.