„Заев трча да си ја спаси фотељата и притоа не му е важно колку луѓе ќе заболат, а колку ќе починат заради тоа. Денешната среќа на Заев, штипјани ќе ги чини несреќа за некој ден. Дополнително Заев употреби најразлични методи на уцени и притисок, закани и поткуп само и само да дојде до цензус.

Во Штип денеска имаше масовен поткуп за да се извадат граѓаните да гласаат. Гласови се купуваа со пари. Зоран Заев денеска вршеше тортура врз својот народ. Изборите во Штип се резултат на болната амбиција на еден човек, да ја задржи фотељата по секоја цена. Политиките на Заев се поразени 15% помала излезност на сите закани, притисоци и уцени е знак дека веќе ништо не му поминува. 34.30% излезност е пораз за Заев. Слобода на народот, оставка на Заев“, се вели во реакцијата.