ВМРО-ДПМНЕ излезе на протест против неправди, реваншизам и политичко насилство

Протестот почна од Министерството за правда, а демонстрантите се упатија кон Јавното обвинителство, каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

836

ВМРО-ДПМНЕ во 18.30 часот излезе на протест низ улиците на Скопје. Протестот насловен како протест против направдите, раваншизмот и политичко насилство почна од Министерството за правда, а демонстрантите се упатија кон Јавното обвинителство, каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доле мафија, правда сега“,„Народот во затвори, мафијата во фотелји“, „Талибанска Влада“, „За тегла ајвар затвор, за убиство кај Млечен слобода“, се дел од пораките кои демонстрантите ги испраќаат од протестот во центарот на Скопје.






„Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување. Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, „Мафија те тужи, мафија те суди“, порача ВМРО-ДПМНЕ во повикот за протестот.

Поврзани содржини