ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се казни Рашковски за непочитување на мерките за ковид-19
Оттаму пашуваат и дали за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?
ВМРО-ДПМНЕ бара да се преземат итни мерки и да се казни генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој, како што тврдат, пред некој ден не ги почитувал мерките на владата за носење заштитна опрема.
Од партијата прашуваат дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите?
– Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на генералниот секретар на владата Рашковски кој пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие.За ваквото беззаконие институциите сѐ уште молчат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму пашуваат и дали за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.