ВМРО-ДПМНЕ ИМАЛА СРЕДБА СО ЕВРОПСКИ ФРОНТ Ќе има двотретинско мнозинство за реорганизација на министерствата

На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт присуствувале Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.

1,689

После претходно одржаните консултации и постигнат договор помеѓу пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и пратеничките групи на коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европскиот фронт соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата биле присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски фронт присуствувале Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети, Елми Азири.






„На средбата се разговараше за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.

Претставниците на коалицијата Европски фронт изразија поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на законот.

Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со претседател предлог на опозицијата, којашто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Потврда за средбата и за поддршката за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа, стаса и од Европски фронт

Собранието вечерва во 22 часот ја продолжи втората седница, на која се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини