ВМРО-ДПМНЕ: Има сведоштва дека Кирацовски и Царовска помагале во „Рекет“

Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, тврди ВМРО-ДПМНЕ..

1,580

Случајот „Рекет“ најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта.Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Ова го тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Александар Кирацовски и Мила Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта. Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу “, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини