ВМРО-ДПМНЕ ИМА РАСТ ОД 17,5% ВО БРОЈОТ НА СОВЕТНИЦИ, СДСМ ИМА ПАД ОД 42% Владејачката партија повика на масовна излезност во вториот круг
ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%. СДСМ освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори.
Со освоените 550 советнички места низ целата држава и во градот Скопје, како и освоени над 300.000 гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%.
„Од другата страна, опозицијата предводена од СДСМ, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДСМ има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.
Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека е на прав пат и дека треба да продолжат онаму каде што застанале – со работа за граѓаните.
„Затоа е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, повика ВМРО-ДПМНЕ.