ВМРО-ДПМНЕ ИМА ЦЕЛИ 8 ОТСТО ПРЕДНОСТ ПРЕД СДСМ Анкетата на ИРИ предвидува победа на опозицијата ако парламентарни избори се одржат претстојната недела

Споредено со ланската анкета на ИРИ од октомври 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат ист рејтинг, ДУИ бележи напредок од 1 процентен поен, а Левица имала пад од 6 на 4 отсто во поддршката.

1,341

Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека 8 отсто повеќе граѓани би гласале за опозициската ВМРО-ДПМНЕ отколку за владејачката СДСМ ако парламентарни избори се оджржат во претстојната недела.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има 19% поддршка од граѓаните, СДСМ – 11%, ДУИ – 8%, Алијанса за Албанците – 5%, Беса – 4%, Левица – 4%, Демократска партија на Турците – 1%, Алтернатива – 1%, другите партии 3%. Пет отсто од граѓаните одбиле да одговорат дали ќе гласаат, 3 отсто рекле дека ќе заокружат празно ливче, 15 отсто нема да гласаат, а 18 отсто не знаат дали ќе гласаат.






Споредено со ланската анкета на ИРИ од октомври 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат ист рејтинг, ДУИ бележи напредок од 1 процентен поен, а Левица имала пад од 6 на 4 отсто во поддршката.

Од они 64 отсто кои рекле дека ќе излезат на гласање најголемо расположение за гласање има кај граѓаните постари од 56 години и тоа е две третини од оваа група. Меѓу најмладите од групата од 18 до 35 години, да гласаат би излегле 61 отсто, додека кај средната група по возраст, граѓани од 36 до 55 години, би излегле исто така две третини, односно 66 отсто.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено преку интервјуа во живо, на репрезентативен примерок од 1.204 жители на земјава, во периодот меѓу 8 април и 4 мај 2023 година.

Поврзани содржини