ВМРО-ДПМНЕ ИМА 200 АМАНДМАНИ НА БУЏЕТОТ Партијата нема да го блокира гласањето на државната каса
Договорот е дека комисиската расправа треба да почне утре. Се надевам дека ќе го почитуваат- изјави Јован Митрески координатор на пратеничка група на СДСМ.
Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во изјава за Телма вели дека и покрај политичката криза и битката за парламентарно мнозинство тие ќе го поддржат донесувањњето на буџетот на пленарна седница, бидејќи е важен документ за граѓаните.
Утре почнува комисиската расправа во Собрание на матичната Комисија за финансирање и буџет.
– Буџетот е документ за граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не планира да го блокира како и досега што не блокирало ништо што е од интерес од граѓаните. Ќе учествуваме на комисјата. Имаме околу 200 амандмани, кои се однесуваат на заштита на животна средина, чист воздух, енергетика, економија, капитални инвестиции. Ќе го поддржиме буџетот и на пленарна седница, тој е за државата – изјави Никола Мицевски координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договореното.
– Договорот е дека комисиската расправа треба да почне утре. Се надевам дека ќе го почитуваат- изјави Јован Митрески координатор на пратеничка група на СДСМ.