ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ ДА ОРГАНИЗИРААТ НОВИ ИЗБОРИ Да се потврди кој е легитимен претставник на Албанците

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ако се паметни утре ќе побараат избори, легитимитетот утре ќе го вратат кај Албанците, вели Аријанит Хоџа од Европскиот фронт.

320

ВМРО-ДПМНЕ гледаат и самите дека кога не се на власт со победниците имаат проблем со потполниот легитимет. Ние сакаме да се видиме како рамноправен партнер, така како што им следува на Албанците во оваа држава, вели претседателот на Европската демократска партија, Аријанит Хоџа.

– Од моментот кога ја формираа владата без Европскиот фронт и без легитимниот претставник на Албанците, ниту малку не се спокојни. Погледнете ги изјавите на премиерот, од таа голема храброст по изборната еуфорија до денес, какво омекнување и ретерирање, затоа што не се работи за фронтот, туку се работи за претставувањето на Албанците – рече Хоџа во гостување на ТВ21.






Тој додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно кој е победникот кај албанските гласачи.

– ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ако се паметни утре ќе побараат избори. Легитимитетот утре ќе го вратат кај Албанците. Дали се тие сигурни дека работите ги направиле така како треба? Зошто тогаш да се плашат од избори? Сте го згазиле легитимитетот на вториот народ по големина во земјава и единствениот начин да се корегира, единствениот начин за ова да го корегирате… – рече Хоџа.

Во врска со заминувањето на Мендух Тачи од опозициската коалиција Хоџа вели дека Тачи самиот се изјаснил, а Европскиот фронт не се распаднал.

– Секој од нас има право да одлучи како ќе се утврди, но тоа не значи дека се распушта она за што е формиран Европскиот фронт. Самиот Тачи изјави дека го напушта фронтот, но коалицијата не се распушти. Заминувањето на Тачи е неважно – рече Хоџа.

Поврзани содржини