ВМРО-ДПМНЕ: И Минхаузен е подобар од Шилегов

Опозициската партија смета дека актуелниот градоначалник на Скопје работи недомаќински и на штета на граѓаните.

455

И Барон Минхаузен е подобар од Шилегов, тој ќе изгуби без разлика кој му е противкандидат, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако Шилегов денеска изјави дека не го интересира кој е негов противкандидат на опозициската партија

– Шилегов наместо да работи дели тендери и плаќа двојно поскапо од тоа што се плаќа од метрополите во регионот. Видовме како Шилегов плати 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала од град Загреб.Наместо да работи за скопјани, Шилегов плати 500 евра за клупи од тропско дрво. Петре Шилегов изминативе 4 години не направи ништо за Скопје. Тој ќе биде запаметен по едно големо ништо. Вети тунел под Кале, продолжување на булеварот Илинден и нови булевари, 4 години подоцна Шилегов нема ниту еден капитален проект.Наместо да се занимава со градење, Шилегов гледа како работници од ЈП Паркови и зеленило или ЈП Комунална хигиена чистат улици или садат дрвја и за тоа се слика и вика камери за изјави – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека скопскиот градоначалник недомаќински работи

– Прави набавки и плаќа двојно повеќе од тоа што плаќаат другите градови во регионот. Со Шилегов Скопје тоне. Шилегов го осакати градот. По смената на Шилегов градот ќе тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе – додаваат од опозициската партија.

 

Поврзани содржини