ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да дозволат Заев и СДСМ да тргуваат со човечки животи

Оттаму додаваат и дека ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ ,а дека со СДСМ и Заев, земјата добива хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

569

За разлика од Зоран Заев кој очајнички бара брзи избори за да си го ублажи претстојниот изборен пораз, Мицкоски води грижа за здравјето на граѓаните, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска поврзана со изборите.

– Не може ниту Заев, ниту СДСМ да тргуваат со човечки животи. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да го дозволуват тоа.Тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО, додека СДСМ работи на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ работи за доброто на граѓаните и тоа граѓаните го препознаваат – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат и дека ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ ,а дека со СДСМ и Заев, земјата добива хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Поврзани содржини