„ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА СЕ КАКО ЛОНЧЕ И КАПАЧЕ“ Виде народот каков хаос следи со Левица, реагира СДСМ

105

СДСМ бара одговорност од пратениците на Левица за, како што вели, дивеењето вчера во Собранието. СДСМ очекува надлежното јавно обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.

„Целата македонска јавност виде со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче.
Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица“, се наведува во реакцијата на СДСМ.






Од владејачката партија додаваат дека нема да дозволат „сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат“.

Поврзани содржини