„ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА Е КОАЛИЦИЈА НА ХАОСОТ“ Активистите на СДСМ „рамо до рамо“ во обвинувањата на сметка на опозицијата

„Со своите мудри, храбри и државнички одлуки ја обезбедуваме европската иднина“, истакна Славјанка Петровска, додавајќи дека токму поради таквите одлуки “денес Северна Македонија е членка на НАТО, со гарантирана безбедност во време на војна и конечно по 17 години преговара за членство во ЕУ“.

429

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ и денеска беше на терен, меѓу граѓаните во скопскиот регион. Членката на ЦО на СДСМ, Славјанка Петровска, заедно со Виктор Велевски во општина Центар, додека советничката во Советот на Град Скопје Љубица Јачева се сретна со граѓаните на општина Сарај.

Петровска и Велевски посочија дека граѓаните на Центар можат да бидат задоволни што го имаат Горан Герасимовски за градоначалник, кој посветено работи за сите граѓаните и ги реализира проектите наведени во програмата.






-Започна изградбата на детската градинка во Центар, прва после 50 години, се реконструираат неколку улици, меѓу кои и Ленинова, во тек е реконстуркција на фасадите на неколку згради, енергетско ефикасни,  на плочникот кај Зелено пазарче, обнова на неколку градинки.  Посветено, одговорно и домаќински, тоа е односот на СДСМ кон граѓаните и државата. На централно ниво со своите мудри, храбри и државнички одлуки ја обезбедуваме европската иднина – истакна Петровска, додавајќи дека токму поради таквите одлуки денес Северна Македонија е членка на НАТО, со гарантирана безбедност во време на војна тлото на Европа и конечно по 17 години, преговара за членство во ЕУ.

– ВМРО-ДПМНЕ и Левица немаат план, тоа е коалицијата на хаосот. Видовме што се случува во општините кадешто локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. За една година нема ниту еден нов реализиран проект, само ги задолжуваат општините и граѓаните, а не работат ништо – истакна Јачева, посочувајќи го како пример за најлошата локална власт владеењето на нивната градоначалничка во Скопје.

Во Карпош заменик претседателката Сања Лукаревска се пофали дека СДСМ става крај на огромните камати и заработката од камати.

– Нашата пратеничка група поднесе законски измени со кои висината на каматата нема да смее да го надмине долгот, а застарувањето на долгот се намалува од 10 на 5 години. Со ова ставаме крај на еден долгогодишен проблем на многу наши сограѓани кои плаќаа и десет пати повисоки камати, односно за долг од 1.000 денари, плаќаа и по 10.000 денари камати. Дополнително, со измени на Законот за извршување ставаме крај и на големите заработки од каматите. На овој начин дополнително го штитиме животниот стандард на граѓаните и затоа ги повикувам сите пратеници да дадат поддршка, за овие законски измени бидат што побрзо усвоени – рече Лукаревска.

Претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски и портпаролката Богданка Кузеска беа во Охрид. Димковски пред граѓаните истакна дека СДСМ како одговорна партија постојано вложува во земјоделството, креира мерки и решенија заедно со земјоделците со цел земјоделците да бидат мотивирани да го зголемат своето производство.
Кузевска зборуваше за хаосот и промашувањата коишто ВМРО-ДПМНЕ ги направи со автопатот Кичево-Охрид и додаде дека не смее да се дозволи тоа да им се случи и на коридорите 8 и 10д коишто се стратешки проекти.

– Против коридорите 8 и 10д се води политички мотивирана хајка полна со лаги, невистини и манипулации, само за да се спречи нивната изградба и да се создаде тензија. Охриѓани многу добро знаат за огромните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги создаде со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид.  Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот. СДСМ ги санираше штетите, спроведе репроектирање, заштеди 95 милиони евра и ја продолжи изградбата. Зарем треба сега со новиот стратешки проект да се дозволи хаос и по 10 години да се чека на изградба? Не. Ние тоа нема да го дозволиме и покрај хајката што се води – рече Кузеска.

Рамо до рамо со граѓаните на Петровец денеска беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски, кои нагласија дека СДСМ се грижи за граѓаните и нивниот стандард, што се изразува со  континуирано зголемување на платите и пензиите, минималната плата е зголемена на 20.175 денари, од одвај 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ, исполнето е ветувањето за просечна плата над 34.000 денари, овој март пензиите се зголемени за 8,4 отсто, а во септември сите 330.000 пензионери ги очекува ново покачување на пензиите.

Поврзани содржини