ВМРО ДПМНЕ: Хибриден и корумпиран режим е кога 16 лица ќе загинат кај Ласкарци, а дури и по 2 години нема разрешница ниту правда

643

Велеа дека ќе ѝ дишат во врат на неправдата, а две години нема разрешница за 16 загубени животи. Хибриден и корумпиран режим е кога 16 лица ќе загинат кај Ласкарци, а дури и по 2 години нема разрешница ниту правда, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ откако дојде на власт разрешница нема за ниту еден криминален случај. СДСМ и Зоран Заев откако се на власт правдата умре, а криминалот стана секојдневие во Македонија. Поради вакви неразрешени криминални дејствија и корупција Македонија се рангира според „Транспаренси Интернешнл“ на 111-то место, а според реномираниот „Економист“ државата е хибриден режим. Додека Зоран Заев е на власт разрешница ниту за трагедијата од пред две години во Ласкарци ќе нема. Зоран Заев треба поскоро да си замине од власт, и правдата да завладее во Македонија – вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини