ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гинат, a функционерите на СДСМ си набавуваат кокаин и мислат на лично богатење

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со ковид-19 и последиците кои произлегоа од оваа криза - се вели во соопштението

438

Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде на набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра, наведуваат во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со ковид-19 и последиците кои произлегоа од оваа криза. Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата. Бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите. Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата. За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес – стои во соопштението.






Заев и Владата, велат оттаму, предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

– Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување. Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со кризата. Потребни се обмислени чекори за да се стабилизира ситуацијата, а не функционери кои мислат каде да набават кокаин или како да ги извлечат своите пари од банките – наведуваат оттаму.

Поврзани содржини