ВМРО-ДПМНЕ ГО РАСПРОДАДЕ ИМОТОТ НА СЛAВИЈА Од СДСМ велат дека 70 одсто од компанијата е веќе распродаден
Оваа реакција на СДСМ дојде по изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој денеска посочи дека имотот на АД Славија изнесува десетици милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да изнесува тешки лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија, вели во реакцијата испратена од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
– ВМРО-ДПМНЕ во своите конструкции околу вредноста на имотот на АД Славија, испушта да каже дека во периодот од 2012 до 2017 година имотот на компанијата го распродавала на парче со тајни зделки. Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали некогашни маркети на компанијата низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е оптоварена со долгови, кон доверители и кон поранешните вработени. Наместо да пласираат дезинформации од Белата палата треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на 12-годишното владеење не го решиле проблемот со АД Славија, туку распродале 70 % од нејзиниот имот – порачаа од владејачката партија.
Оваа реакција на СДСМ дојде по изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој денеска посочи дека имотот на АД Славија изнесува десетици милиони евра.