ВМРО-ДПМНЕ ГО ПРОЗВА АРТАН ГРУБИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА Кога место во администрацијата е во мирување, нема нов оглас за вработување!

Залудни се обидите на Артан Груби преку МПС да пласира теза дека Шпреса Абази, снаата на Ислам Абази била вратена на работа на место кое било во мирување - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

744

ВМРО-ДПМНЕ го повика Артан Груби да не продолжува со манипулациите околу вработувањето на Шпреса Абази, снаата на Ислам Абази од ЈО за организиран криминал, како помлад соработник во Министерството за политички систем.

„Залудни се обидите на Артан Груби преку МПС да пласира теза дека Шпреса Абази, снаата на Ислам Абази била вратена на работа на место кое било во мирување.






Фактите, дел со потпис на Груби, покажуваат дека таа е примена на работа на 04.04.2022 токму во неговото министерство. Исто така Шпреса Абази по огласот на АЕК, за вработување етнички Албанец, во септември 2022 станува вработена од АЕК.

Артан Груби да не продолжува со манипулациите, кога место во администрацијата е во мирување, ако вработениот се враќа на работа, нема нов оглас за вработување!

Залудни се обидите за медиумско перење – ДУИ ужива во неказнивост заради сите административни работни места за презимето Абази!

Затоа нема истраги за Ахмети, Соравија, Артан Груби, Ауди, Мерко…“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини