ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОДДРЖА ПРОТЕСТОТ НА ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ Димитриеска-Кочоска бара итна реакција од страна на власта
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ која денеска беше на блокадата на патот Штип-Кочани побара реформи во давањето на субвенциите и решавање на пробелмот со откупните цени во земјоделството.
ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција и поддршка од страна на власта за решавање на прашањето со ниските цени на откуп на оризот.
Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ која денеска беше на блокадата на патот Штип-Кочани побара реформи во давањето на субвенциите и решавање на пробелмот со откупните цени во земјоделството.
-Земјоделците имаат право што се чувствуваат изневерено, не е тоа случајно, оваа влада во континуитет со години зборува и ветуваше дека ќе имаат сигурен откуп, сигурен пласман, сигурни цени, а денес имаме ситуација каде што одредени моќници кои што ги нарекуваме нели „откупупувачи“, блиски до власта заработуваат на грбот на напатените, значи земјоделци, чесни земјоделци кои што со пот и труд се трудат да ги произведат оние производи кои што во исто време и поготово во оваа голема економска криза нели треба да ги обезбедиме заради тоа што навистина ќе имаме една тешка и пред нас ни престои една тешка зима – рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот и бара итна реакција од владата.
-Бараме и реформи, ако имаше 100.000 евра да се потрошат точно во оваа криза за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни веднаш да реагираат и да излезат со поддршка на земјоделците – рече таа.