ВМРО-ДПМНЕ ГО ОСУДИ СКВЕРНАВЕЊЕТО НА БИСТИТЕ НА ПОПОВСКИ И ЈАНЕВСКИ Вандалите се директно инспирирани од Заев

Според партијата, Заев не ги почитува великаните кои со својот живот и дело се вградиле во колективната меморија на овој народ.

405

ВМРО-ДПМНЕ најстрого го осуди вандалскиот чин на сквернавење на бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга.

– Ваквите сквернавења на споменици и бисти на личности од значење за македонската историја, култура и литература се директно инспирирани од Зоран Заев, кој во изминатиов период покажа негрижа кон истите, но и сам повикуваше и сквернавеше одредени споменици – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата, Заев не ги почитува великаните кои со својот живот и дело се вградиле во колективната меморија на овој народ.

Поврзани содржини