ВМРО-ДПМНЕ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ Некој сака да го заплаши и да го замолчи директорот на Управата за извршување санкции
Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брза реакција од страна на институциите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат. Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна. Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.