ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБВИНУВА КОВАЧЕВСКИ Деканот Ралев незаконски именуван во партиските тела на СДСМ?

Грубо е прекршен Законот за високо образование, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

1,324

Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ, со што директно го прекршил Законот за високо образование, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски уште недојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател Заев, почна со кршење на законите. Пиoнот на Заев, Димитар Ковачевски, во својот Извршен одбор го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеењето на СДСМ – изјави Наум Стоилковски, портопарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција,






Стоилковски го покажа членот 114, став 3, од Законот за високо образование.

– Тој е дециден. Вршењето на должноста декан и продекан е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија. Извршниот одбор на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија. И пионот на Заев, Ковачевски, но и деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование – изјави Стоилковски и побара Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот Одбор на СДСМ или пак Ралев да си поднесе оставка од позицијата декан.

Поврзани содржини