ВМРО-ДПМНЕ ГО НАДГРАДИ СКАНДАЛОТ ЗА „ДОН ХОЛДИНГ“ Наместо истрага, 1.000.000 евра од МВР за мала фирма!

1,624

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера обвини дека МВР со Оливер Спасовски дале половина милион евра на мала фирма за камионски транспорт од населбата Хром, на тендер за соларни панели за топла вода и инсталација на полициски објекти, денеска информирпше дека фирмата „Дон Холдинг“ продолжила да добива на тендери од МВР.

– Тоа е добро познатата фирма на СДСМ со набавките во Ѓорче Петров, каде се прославија со набавка, тендер на 2 машини за перење од 25.500 евра, но за која нема истрага. Вчера МВР на Спасовски го потврди скандалот, со тоа што соопшти дека истата фирма и во септември лани го добива истиот тендер, ама бил поништен, па сега во јануари бил повторен. Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра! Следува уште еден факт за врската на СДСМ, Спасовски, МВР со „Дон Холдинг“ на Слободан Настовски. МВР на Спасовски на „Дон Холдинг“, фирмата за камионски транспорт, во октомври само еден месец по септември кога бил поништен тендерот, и два месеци пред повторениот во јануари на Дон Холдинг му доделува тендер од 480.000 евра. Овој пат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13 октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство – рече Стоилковски.






Тој прашува, како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се, на фирма за товарен транспорт, фирма на едно лице, мала фирма според документите од Централниот регистар и од УЈП?

– По кои критериуми се воделе во МВР на Оливер Спасовски, па за соларни панели за топла вода, како и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен камионски транспорт, и да и доделат два тендери во рок од три месеци вредни вкупно еден милион евра? Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендери вредни милион евра неколкукратно да избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со повторно со тендери со набавки на 2 машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров? Д а сумираме.  МВР на Спасовски на мала фирма за товарен транспорт, фирма поврзана со скандал со набавка на две машини за перење од 25.500 евра за Ѓорче Петров, и дава два тендери во вредност од 1.000.000 евра!Половина милион евра тендер од МВР за соларни панели со фирмата за камионски транспорт. Отпаѓа специјализирана фирма со 20 годишно искуство. Половина милион евра тендер од МВР, за водовод и канализација со истата фирма за камионски транспорт. Отпаѓа специјализирана фирма со 15 годишно искуство – тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истата фирма за камионски транспорт пред неполни половина година е вмешана во коруптивен криминоген скандал со општина водена од кадар на СДСМ! Тендер за две машини за перење тежок 25.500 евра. МВР на Спасовски наместо истрага  доделува еден милион евра од буџетот, додаде Стоилковски.

Тој ги повикува јавните обвинители да излезат, како што наведе, од сенката на политиката и да отворат предмет за овој случај.

Поврзани содржини