ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОСУДИ НЕГАТОРСКИТЕ ПАРОЛИ НА ПАНИХИДАТА ЗА БУНЕВА Џамбаски е само придобивка на политиката на Ковачевски и Османи

За ВМРО-ДПМНЕ уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Димитар Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси.

531

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денеска среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.

– Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Димитар Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси – велат од партијата.






Според ВМРДО-ДПМНЕ, негирањето на Македонија, во  нејзиниот главем град е придобивка од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ.

– Џамбаски (АНГЕЛ) е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика.За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кој има аспирации кон Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини