ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБВИНУВА ФИРМИТЕ НА ЗАЕВИ Нејќат да платат милион евра данок, а вртеле 50 милиони годишно

И ако фирмите на граѓаните имаат блокирани сметки и при најмал долг кон УЈП, тие на Заеви работат без проблем и кога должат милиони. Да биде трагедијата уште поголема е фактот што фирмите на Заеви вртат и до 50 милиони евра годишно, но долгот кон државата не го плаќаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

747

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека фирми блиски до поранешниот премиер Зоран Заев ѝ должат големи суми во даноци на државата. Во продолжение го пренесуваме нивото партиско соопштение:

„Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок, а годишно вртеле по 50 милиони. „Сара Јавор“, „Сара Инжинеринг“ и „Дравас“ се трите фирми кои заедно кон државата должат 1 милион евра на име даноци.






Овие три фирми се редовни на листата на должници на УЈП, заедничко за сите три е што во истите во сопственичката структура во извесни периоди се јавувал Вице Заев.

И ако фирмите на граѓаните имаат блокирани сметки и при најмал долг кон УЈП, тие на Заеви работат без проблем и кога должат милиони.

Да биде трагедијата уште поголема е фактот што фирмите на Заеви вртат и до 50 милиони евра годишно, но долгот кон државата не го плаќаат.

Тоа е принципот од голтар преку СДСМ до милионер кој го применува Заев, Ковачевски, Каевски и другите функционери од СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини