ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ГРУПАТА НА ВАЈБЕР Злосторничка група која давала наредби за тепање, убивање и казнување

Од опозициската партија тврдат дека посчената полициска група се координирала преку група на Вајбер, а во јавноста случајот излегол бидејќи дел од полицајците не сакале да бидат дел од овие активности, по што протекле информациите.

3,644

Од ВМРО-ДПМНЕ утрово го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но и премиерот Зоран Заев, дека е формирана специјална група од полицајци, чија задача е да малтретира членови на нивната партија за време на локалните избори.

Од опозициската партија тврдат дека посчената полициска група се координирала преку група на Вајбер, а во јавноста случајот излегол бидејќи дел од полицајците не сакале да бидат дел од овие активности, по што протекле информациите.






– Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување. Сите до еден се вработени во МВР и сите до еден одработувале за Заев и Спасовски: Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп, Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп, Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп, Андреј Лашкоски – БПС, Игор Нешкоски – БПС, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор во БПС, Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Теодора Китаноска – БПС, Александар Крајоски – БПС, Љубе Стојаноски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС, Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС.

Од МВР ги отфрлија обвинувањата на опозицијата, сепак, во проследеното соопштенија истакнаа дека ќе биде спроведена истрага за да се испитаат наводите.

Поврзани содржини