ВМРО-ДПМНЕ: Филипче повторно лаже! Фрижидери нема!

Оттаму додаваат дека цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема и ја плаќаат граѓаните со својот живот.

510

Венко Филипче сега лаже и за фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините против корона. Додека граѓаните во Европа и светот се вакцинираат против корона, бираат со каква вакцина сакаат да се вакцинираат, Филипче не може да набави фрижидери за чување на вакцините, а нема ни вакцини.

Ова денеска го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека кон средината на декември министерот Филипче изјавил оти фрижидерите ќе стигнат кон средината на јануари, а викендов рече дека два се веќе обезбедени.






– Повторно лаже! Фрижидери уште нема! Филипче рече дека ќе има околу милион и двесте илјади вакцини или 800 илјади дози од „Фајзер“, по отприлика исто толку од „КОВАКС“ механизмот и преку Европската делегација. Ама и нив ги нема. Освен лаги од Филипче нема ништо друго. Нема ни трага ни глас и од долгонајавуваните вакцини. Филипче вели не стигнале доволно колични на вакцини од Фајзер во земјите челенки на ЕУ, затоа немало и за нас. Си кажа и дека нема се уште ни договор со Фајзер или „за кратко време договорот ќе биде склучен“. А според Филипче целосно е подготвен системот во однос на складирање, план на дистрибуција, идентификување на критични групи според приоритет. А како тоа се е подготвено кога нема доволно фрижидери за складирање, а нема ни што да складира – нема вакцини! Филипче ниту го подгототви здравствениот систем да одговори на пандемијата, не набави соодветни лекови, лаже за вакцините, лаже за фрижидерите во кои треба да се скалидираат истите – стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема и ја плаќаат граѓаните со својот живот. Поради тоа бараат одговорност и оставка од Филипче.

Поврзани содржини