ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија, Заев ја дозакопува султан партијата
СДСМ избра стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои ја испеаја својата песна и нема што ново да понудат - велат од опозицијата.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по завршениот Конгрес на СДСМ велат дека граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Изборот на овие двајца кадри Заев ја дозакопува султан партијата.
Лукаревска донесе 60.000 невработени, и затвори 6.200 фирми, а Филипче над 5200 мртви.
– Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии. Велеа ќе правеле метла, а завршија со буниште криминал денес. Најавуваат промена на менталната слика, а таа ментална слика е до Заев. Тој треба да се промени – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал.
– Љупчо Николовски кој наместо криминал брка путер и во сред пандемија отиде за Дубаи и го остави народот не е иднината. Не се нови кадри ниту децата на транзиционите моќници. Нина Фити, ќерка на Таки Фити, кој ја смисли приватизацијата и транзицијата. Лоши политики ќе продолжат и со Мила Царовска која насила турка проект за дигитализација, и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник – реагираат од опозицијата.
СДСМ избра стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои ја испеаја својата песна и нема што ново да понудат.