Епидемијата ќе ескалира, а десетици животи секојдневно ќе згаснуваат заради неспособноста на Заев и Филипче. На Заев и Филипче во прв план им се тендерите, а на здравјето на граѓаните не ни помислуваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
– Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500. Ковид-19 само ја потврди неспособноста на Заев и СДСМ, како и на нивниот Филипче да менаџираат со здравствениот систем. Здравствениот систем го доведоа до работ на провалијата. Заев, СДСМ и нивниот Филипче со системскиот поткуп на населението станаа кластер на корона.Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво, се вели во партиското соопштение.
Според партијата, СДСМ Македонија ја направиле црна точка во регионот и пошироко, не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран и не мислат како да се справат со кризата предизвикана од корона вирусот.