ВМРО-ДПМНЕ Е ВО ШОК, ЌЕ И ДАДЕМЕ ВРЕМЕ Ковачевски вели дека Мицкоски презел обврска за уставни измени

Тој негов јавно искажан став и преземена обврска јас ја споделив не само со централниот и извршниот одбор на СДСМ, туку и со нашите меѓународни партнери коишто исто така ја следеа таа прес-конференција на која што сите барања што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ беа практично прифатени од сите политички субјекти во државата, вели премиерот.

1,522

Работните групи за продолжување на разговорите за уставните измени се вистинскиот формат во кој треба да продолжи договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи секој предлог има свои специфики што треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на европската интеграција на државата, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски по презентација на најголемиот регионален саем за вино Wine Vision by Open Balkan.

Ковачевски посочи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по нивната средба во средата се „обврза да учествува во процесот на носење на потребните одлуки за европска интеграција на државата“.






– Тој негов јавно искажан став и преземена обврска јас ја споделив не само со централниот и извршниот одбор на СДСМ, туку и со нашите меѓународни партнери коишто исто така ја следеа таа прес-конференција на која што сите барања што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ беа практично прифатени од сите политички субјекти во државата. Гледам вчера и Алијансата му дава дополнителен ветар во грб на ВМРО-ДПМНЕ – рече премиерот.

Тој одби да коментира изјави дадени во контекст на разговорите од лидерската, како што рече, „дадени по митинзи“.

На прашањето, како го коментира ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема потреба од работни групи доколку СДСМ не се согласи дека имплементацијата на уставните измени би почнала со членството на земјава во ЕУ, премиерот потенцира дека е лошо доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од преземената обврска и од посветеноста на завршување на процесот на уставни измени, како што било договорено на нивната средба.

– Сметам дека доколку тој решил да се повлече од се она што го кажа на прес-конференцијата, а тоа е дека прифаќа уставни измени, прифаќа впишување во Преамбулата на Уставот на државата на делови од други народи, вклучително и на делови од бугарскиот народ, дека прифаќа да биде дел од Владата заедно со СДСМ и другите коалициони партнери, тогаш треба да го каже тоа на официјална средба – рече Ковачевски.

Тој потсети дека и ДУИ прифати да не биде дел од владата во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ, така што смета дека сите детали треба да продолжат да се договараат на ниво на работни групи доколку, како што рече, „она што беше кажано е кажано искрено“.

Запрашан дали има шанса за уште една лидерска средба, Ковачевски само кусо одговори:

– Ќе видиме.  Треба да размислат уште малку затоа што, јас верувам, им дојде шок на ВМРО-ДПМНЕ – рече Ковачевски.

Поврзани содржини