ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Мицкоски вели дека за СДСМ битката е веќе загубена

Велам дека и покрај тоа што бројките велат дека Коњановски е победник уште во првиот круг и дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива, ние до последен момент ќе се трудиме да обезбедиме глас повеќе, да убедиме повеќе граѓани да излезат на овие избори бидејќи само на тој начин можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата, порача премиерот Христијан Мицкоски при посетата на РЕК Битола и го честиташе Денот на рударите и празникот Пресвета Богородица на оние кои го слават.

213

Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната.

– Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија и затоа велам дека и покрај тоа што бројките велат дека Коњановски е победник уште во првиот круг и дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива, ние до последен момент ќе се трудиме да обезбедиме глас повеќе, да убедиме повеќе граѓани да излезат на овие избори бидејќи само на тој начин можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата – изјави Мицкоски при посетата на РЕК Битола.






Мицкоски воедно им го честиташе празникот Пресвета Богородица и Денот на рударите кои, како што рече, секојдневно јуначки работат и се вложуваат во работата во РЕК Битола.

Според него, претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција.

– Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои еден процес на реструктуирање, внатрешна катарза којашто им ја препорачувам за да се ослободат од некои, би рекол, стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција и заедно да работиме за интересот на граѓаните – рече Мицкоски во изјава за медиумите дадена денеска при посетата на РЕК Битола.

Премиерот најави дека на 3 септември Извршниот комитет на партијата ќе одржи седница на која ќе бидат познати останатите кандидати за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Поврзани содржини