ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРАВИ РЕВИЗИЈА ПО ИЗБОРИТЕ Како успеал Шилегов да го зголеми имотот за 500.000 евра? ВИДЕО

Врвот на пирамидата на луксузирањето, според Стоилковски, е надградбата и луксузното реновирање на неговата семејна зграда, за која Шилегов нема документи.

847

Простата математика вели дека Петре Шилегов имотот го зголемил за речиси половина милион евра додека е тој градоначалник на Скопје. Тоа е несразмерен раст на луксузот на Петре Шилегов со неговите примања како градоначалник во овие четири години, рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

– Неговото адвокатско друштво, каде што не работи и со кое што не смее да има договор за консултантски услуги, 2019 година ја завршува со само 5.000 евра добивка. Дури и сета остварена добивка за три години,  2018, 2019, и 2020 година да завршила на сметка на луксузите на Петре Шилегов, сумата не може да ги покрие трошоците ниту за луксузните автомобили, коишто патем Петре Шилегов ги нема пријавено во антикорупциската комисија. Значи сите приходи на неговата фирма не можат да го покријат луксузот на Петре Шилегов за време на неговиот мандат – вели Стоилковски.






Врвот на пирамидата на луксузирањето, според Стоилковски, е надградбата и луксузното реновирање на неговата семејна зграда, за која надградба Шилегов нема документи.

– Не смее да се заборави ниту луксузната вила на Маврово која што патем е пријавена четири пати помалку од реалната вредност. Петре Шилегов нема одговор, затоа што се чувствува заштитен од институциите. Па по изборите најавуваме дека ќе следува ревизија којашто ќе утврди дали Шилегов воопшто има некаква дозвола и дали за тоа биле потребни документите кои што се менувани отпосле во Катастар, во неработен ден? Дали компаниите коишто ја градат надградбата без дозвола имаат било каква врска со тендерите на Град Скопје за време на мандатот на Петре Шилегов? Дали воопшто е направена било каква финансиска трансакција од Шилегов кон нив за оваа надградба и луксузното реновирање на семејната зграда, или се работи за контрауслуга? Дали Петре Шилегов продолжил со наплаќање на услуги, забранети од ДКСК, од неговото адвокатско друштво кон него? Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Петре Шилегов – порача Стоилковски.

Поврзани содржини