ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува по 1 денар од акцизата за спортот и за културата

234

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да издвојува денар за спортот и денар за културата од акцизата за горивата за унапредување на овие два сегменти кои, како што рече денеска во Гостивар носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Дафина Стојаноска, три години беа сериозно запоставени од СДСМ.

– Од националната установа за култура во Гостивар денес истакнувам дека културата е многу значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава. ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Обнова“ има посветено доста труд и време токму за културата. Наши културни приоритети се културниот идентитет, културното наследство, културните работници, културните и креативните индустрии, меѓународната културна соработка и секако инфраструктурата во културата 2020- 2030 година – рече Стојаноска.






Носителката на изборната единица им порача да граѓаните да излезат на 15 јули, да гласаат и да го заокружат бројот 14.

Поврзани содржини