ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА УРСУЛА На конгрес на ЕПП се бира предводник на изборна листа

Овој конгрес на кој активно учествуваме, многу е важен затоа што се избира водачот, предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет – рече Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

284

На конгресот на Европската Народна партија, на кој се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на Европскиот парламент кои ќе се случат оваа пролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Урсула Фон Дер Лајен, актуелната претседателката на Европската комисија – најави Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој конгрес на кој активно учествуваме, многу е важен затоа што се избира водачот, предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет. Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лајен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија – рече Андоновски.






Тој информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската Унија.

Поврзани содржини