ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите на 5 јули или на 8 јули

Се согласувам со претседателот Стево Пендаровски дека покрај здравствената и економската криза, ќе имаме сериозна политичка криза, истакна Мицкоски.

2,215

ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од изборите на 5 јули или на 8 јули, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање што доколку власта оди тврдоглаво со овие два датума и не се прогласи уште една вонредна состојба.

– Се согласувам со претседателот Стево Пендаровски дека покрај здравствената и економската криза, ќе имаме сериозна политичка криза и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори на 5 јули или на 8 јули. Особено после денешното известување коешто го добивме од ОБСЕ/ОДИХР, тогаш претстојат други дополнителни чекори за коишто јавноста ќе биде благовремено информирана. Но, тогаш ни претстои процес на самоорганизирање и за жал, дополнителна политичка криза во земјава. И сето тоа паѓа на товар и одговорност на тој којшто треба да обезбеди услови за фер и кредибилен изборен процес, а притоа водејќи сметка да го заштити здравјето на граѓаните. Тоа е власта, ова раководство на СДСМ и Зоран Заев – рече Мицкоски.

Поврзани содржини