ВМРО-ДПМНЕ: Државата на апарати, задолжувањето за два дена скокна за 850 000 000 евра
Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 000 000 000 евра, и 65% од БДП.
ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази загриженост што Владата со новото задолжување со еврообврзница го стигна прагот од 65 отсто од БДП и се обидува да избегне банкрот.
Пресметките на партијата се дека за еврообврзница од 700 000 000 евра,државата ќе да плати камати од 80 000 000 евра, и на домашниот пазар се задолжи за 70 000 000 или вкупно 850 000 000 евра.
– Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата. Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне на повеќе од 7 000 000 000 евра, и 65% од БДП. Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми – велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека наместо да се крпат дупките во буџетот државата да се насочи кон развој.