Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска објави нови детали за аферата поврзана со дивоградба во општина Босилово.
– Фабриката за криминална легализација“ конечно разбра дека е фатено во криминал, и се повеќе тоне во живата кал на лагите. Велат една слика 1.000 зборови. Тука зад мене се 4 фотографии, за кои што злосторничкото здружување нема одговор. Во 2018 изграден е нов објект- дивоградба, а општина Босилово на брза лента го легализира, врз основа на лажни изјави и издадени документи за тврдење дека објектот постоел во 2010 година, со што е направен очигледен криминал. Постои заедничка нишка за сите инволвирани и потпишани, а тоа е членство и функции во СДСМ, како и блискост до Зоран Заев. Тоа е злосторничко здружување за криминална легализација – вели Стоилковски.
– Злосторничкото здружување, како и неговиот гласен експонент Зимбаков, мора да ги објаснат овие фотографиите. Во спротивно, потврдуваат дека „Фабриката за криминална легализација“, го следи теркот на Зоран Заев воспоставен со „Глобал“, како и на хотелскиот комплекс Цареви Кули над Струмица на површина речиси колку половина град Струмица. „Фабриката за криминална легализација“ е составена од градоначалник, претседател на Совет, геодет- сите од СДСМ, со цел екс пратеник на СДСМ да му легализираат фабрика, со нова цел, за неполна година Зоран Заев на својот колега екс пратеник да му даде лиценца за наркобизнис. Почитувани, ова е скандал кој што мора да биде предмет на истрага а ЈО за организиран криминал, мора да одговори: Прво, дали постои злосторничко здружување кое има меѓусебни врски, а е составено со една цел, изигрување на најмалку два закона и е нанесена огромна штета на државниот буџет? Второ, дали мотивот за ова злосторничко здружување било однапред ветена лиценца за работа во вносен наркобизнис, со што се нарушува конкурентноста на пазарот? И трето, најважно, дали идејниот творец за двете претходни прашања, формирање на злосторничко здружување, како и однапред ветена лиценца за наркобизнис, е лично Зоран Заев? Епа, почитувани изреката вели дека секоја држава има мафија, во Македонија мафијата има држава. Изборот е или мафија или Македонија – вели Стоилковски.