ВМРО-ДПМНЕ ДО АНТИКОРУПЦИСКА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО Зошто Филипче како министер скрил 5 стана, а како пратеник ги покажал во анкетниот лист?

За партијата е нејасно како имот што го поседувал  кога станал министер или пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник.

293

Владејачката ВМРО-ДПНЕ  бара Антикорупциската комисија  и Јавното обвинителство да испитаат зошто лидерот на СДСМ Венко Филипче како министер го криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил

Од партијата велат дека тоа се гледа кога ќе се провери што Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник. Во последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска  лидерот на СДСМ пријавил многу поголем имот од оној кога бил министер. Сега имотот му тежи 850 илјади евра.






– Филипче како министер за здравство пријавил прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година во вредност од 27,8 милиони денари, второ, стан од 130 метри квадратни метри во вредност од 7,8 милиони денари добиен како подарок во 2016 година и како трето, уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни кој е резултат на купопродажба во 2010 година- велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како пратеник во 2024 година пријавил- прво, стан во Скопје од 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година. Станот не го пријавил кога бил министер, а го имал. Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а го имал. Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година. И овие станови ги нема пријавено додека бил министер, а ги поседувал. Четврто, стан во Центар од 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а бил во негова сопственост – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За партијата е нејасно како имот што го поседувал  кога станал министер или пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник.

– Оттука се поставуваат низа на дилеми и прашања. Криел ли Филипче имот, ако имал навика да крие можеби се уште го прави тоа. Апелираме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да ги лоцира податоците за да утврди што се криел Филипче. Апелираме и до јавното обвинителство да испита зошто Флипче не пријавувал имот во анкетниот лист како министер и зошто во анкетниот лист како пратеник се појавува имот кој го имал пред да стане министер, а не го пријавил – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини