ВМРО-ДПМНЕ: Деветте изгубени животи одат на совеста на Заев и на Филипче
Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи, се вели во соопштението.
Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение.
„Неспособноста на Заев и Филипче и неодговорниот пристап допринесе Македонија да има втор пик на коронавирус во јуни, во услови кога земјите од регионот немаат ниту еден новозаразен и по цел месец. Зоран Заев и Венко Филипче ја политизираа и Комисијата за заразни болести, која наместо по лекарска пракса, работеше по политички диктат. Оваа власт беше целосно неспособна да се справи со коронавирусот и останавме држава која е затворена. Оваа власт нема да може да се справи со евентуален трет пик на есен. Последиците од првите два пика со СДСМ се задолжување и зголемување на буџетската дупка и до 1.4 милијарди евра, над 3.000 заразени и над 200 смртни случаи. Последиците од третиот пик со СДСМ би биле катастрофални за државата и граѓаните. Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!“, се вели во соопштението.