ВМРО-ДПМНЕ: Дали со вратените пари од претходните четири Владата ќе го креира петтиот пакет?

ВМРО-ДПМНЕ се чуди зошто поддршката од државата е минимална и зошто компаниите треба да ја вратат како да завршила пандемијата.

1,034

Вкупната големина на мерките што досега ги презеде владата за помош на економијата за време на пандемијата  изнесуваше околу 3,5% од БДП, со што е трета најмала во Европа. Притоа, мерките со буџетски импликации изнесуваа мизерни 2% од БДП, додека мерките без директни буџетски импликации уште пониски 1,5%, смета ВМРО-ДПМНЕ која денеска ги коментираше досегашните мерки на владата и најавените петти мерки.

Од партијата велат дека постојано говорат дека  економските мерки се недоволни.






– Македонските претпријатија се на колена. Катастрофално лоша е состојбата во услужниот сектор, а најмногу страдаат хотелите и рестораните. Поддршката од државата е минимална, а замислете и таа поддршка што ја добиле треба да ја вратат, како да завршила пандемијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто македонската економија постигнува најлоши резултати во справувањето со пандемијата?

– Од 38 европски економии за колку што постојат податоци, 9 имаат повисок пад на БДП од Република Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 помал. Дополнително состојбите на пазарот на трудот исто така се влошија за време на пандемијата. Во вториот и третиот квартал заедно, бројот на вработени лица (според Анкетата за работна сила) е намален за 25.545, односно за 3,1% од вкупниот број вработени. Влошувањето кај пазарот на труд  е поизразено отколку во другите европски земји – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека одговорот за лошите резултати го дал денеска вицепремиерот за економски парашања Фатмир Битиќи:

„Никогаш не сме давале неповратни буџетски пари за плати, но еве, грешката била што тогаш не го нарековме кредитирање, а било тоа”.

Поврзани содржини