ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од Бугарија за историјата и за македонскиот јазик?
ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик.
„Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик. Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека, како што велат, „за само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија“.
„Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.