ВМРО-ДПМНЕ: Четири години му требаа на СДСМ да ја отклучи зградата која ја изгради ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

5,118

Четири години им требаше на СДСМ да ја отклучат зградата која ја изгради ВМРО-ДПМНЕ, можеме само да замислиме колку децении ќе им требаат да изградат нова, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ откако денеска речиси половина членови на Владата беа на отворањето на зградата во која се всели Министерството за политички систем односи меѓу заедниците, предводено од првиот вицепремиер Артан Груби.

„Зградата во која денес се всели Министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ од инает не влегува во нови згради, затоа што тие се градени од ВМРО-ДПМНЕ, а од инаетот на СДСМ страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот. Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи. Власта плаќа кирии за стари објекти, повеќе пари за греење и други трошоци затоа што Заев не може да се помири со фактот дека ништо не направил“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.






На денешната посета на новиот објект присуствуваа и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите Љупчо Николовски, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

Поврзани содржини