Власта, поради својата неспособност да менаџира со економијата, предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра, додека јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики. СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст. Наместо на развој на економијата, СДСМ се насочи на криминал, корупција и на рекет. Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години. Со СДСМ Македонија тоне“, се вели во соопштението.