СДСМ живее во минатото. Срамно е што виновници за денес илјадниците заразени уште им се Наќе Чулев и Гордана Димитриеска Кочоска. Тоа покажува колку се очајни и отсутни во реалноста. И тогаш кога Наќе и Гордана беа министри, министер за здравство беше Венко Филипче и тогаш и сега Оливер Спасовски беше дел од Владата. Венко Филипче и Зоран Заев се одговорни за геноцидот најголем по втората светска војна во Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради нивната неспособност од почеток на пандемијата до денес над 1.000 лица ја изгубија битката со овој вирус. Поради неспособноста на Заев и Филипче над 1.000 семејства ги изгубија своите блиски и се завиени во црно. За тестирање се чека неколку дена, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза и неговото здравје е загрозено. Капацитетите на болниците се полни, а нив мува не ги лази за тоа. Единствено што треба да направи Филипче е да си даде оставка и да ја спаси Македонија од нови жртви“, се вели во реакцијата.