ВМРО-ДПМНЕ: Бизнис интереси на структури до власта доведоа до крах на Еуростандард банка
Од партијата велат дека на овој факт обвинителството молчи.
Пропаѓањето на Еуростандард банка е поради скриени бизнис интереси на одредени структури блиски до власта, обвинителството молчи, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението партијата издојува неколку денешни факти кои се однесуваат на владеењето на СДСМ:
„1. Пропаѓањето на Еуростандард банка е поради скриени бизнис интереси на
одредени структури блиски до власта, обвинителството молчи.
2. СДСМ кокаинска, директор на Шилегов и СДСМ фатен со кокаин.
3. Приватна струмичка агенција за обезбедување блиска до власта зела тендери
во висина од 21 милион евра од џебот на граѓаните.
4. Венко Филипче е одговорен за неуспехот во борбата против короната,
бидејќи единствено на што е посветен се парцелите и хациендата во Нерези.
5. ВМРО-ДПМНЕ предлага 3 модули за образовниот процес: физички,
комбиниран и онлајн, владата нема ниту план ниту смелост да го
имплементира и да превземе одговорност за учениците да не губат година.
6. СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, само за
да делат профит над 21 милион евра преку струмичката агенција за
обезбедување, а граѓаните живеат во сиромаштија“, се дел од тие факти тврди ВМРО.