ВМРО-ДПМНЕ БАРА ЗАЕВ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ПОЖАРИТЕ Изгореа шуми, имоти и домови

Со голи раце граѓаните сами ги гаснеа пожарите, додека Зоран Заев дојде да се слика и повторно замина на одмор. Неспособност и дезертерство, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

667

Веќе неколку недели беснеат пожари низ државата, а Зоран Заев не собра храброст да ѝ се извини на македонската јавност за неговата неспособност да се справи со пожарите. Изгореа илјадници хектари шума, имоти и домови на граѓаните, а нема никаква одговорност ниту од Зоран Заев, ниту од еден член на оваа неспособна власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Македонија е во кризна состојба премиерот, министрите и градоначалниците уживаат во нивните одмори, а со пожарите се справуваат волонтери од странство и граѓаните спасувајќи жива глава и спасувајќи си ги своите домови. Со голи раце граѓаните сами ги гаснеа пожарите, додека Зоран Заев дојде да се слика и повторно замина на одмор. Неспособност и дезертерство. И покрај прогласувањето на кризна состојба сè уште не е формирано функционално кризно тело со професионалци, наместо со мафтачи со гранки како директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата додаваат дека сè уште не е преземена никаква одговорност што повеќе од две години не се сервисирани авионите за гаснење пожари. Според ВМРО-ДПМНЕ веќе никој не бара одговори од власта за нивната неспособност да се справат со оваа кризна состојба со пожарите низ државата.

– Барем нека се извинат заради нивното дезертерство, ненавремена реакција и неспособност – велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини