ВМРО-ДПМНЕ БАРА СУДСКИ РЕФОРМИ, ОБВИНУВА ДЕКА СДСМ ГИ КОЧИ „Ако возачот беше зад решетки, Фросина ќе беше жива“

Одговорност мора да има на сите нивоа. Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна, порача владејачката партија.

983

Скапаниот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДСМ ги кочи. Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако гнилиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. Истиот, не бил малолетен кога бил осуден, и според тоа не можел по ниеден основ да оди во поправен дом, туку морал да одлежи казна затвор. Тоа што наместо во затвор, тој бил упатен во поправен дом, резултираше со трагичната сообраќајка чиј причинител е“, се наведува во соопштението.






Од владејачката партија истакнуваат дека овој случај како и многу други до сега, покажува зошто се потребни реформи во судството.

„Одговорност мора да има на сите нивоа. Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна“, порача партијата.

Поврзани содржини